Колина ги „запали“ сите со коментарот за спорниот пенал на Португалија (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Португалија и Хрватска (2-1) во нокаут-фазата на Мундијалот предизвика голем број реакции, а случувањата ги коментираше и легендарниот судија Пјерлуиџи Колина.

Еден од најпознатите и најдобрите судии во историјата даде коментар за досудениот пенал за Португалија.

„Ова едноставно не е пенал. Шокиран сум од одлуката. Да се досуди пенал за минимален контакт во нокаут-фаза на Мундијал создава опасен преседан. ВАР е тука да ги поправи грешките, а не да бара прекршоци каде што не постојат“, кажа Колина.