Матановиќ не ја удрил топката со глава, туку со - косата! (ВИДЕО)

Хрватска губеше со 1-2 од Португалија кога во 13. минута од судиското продолжение Гвардиол даде гол кој беше поништен поради офсајд. Оваа одлука крена многу прав.

Голот беше поништен поради допирот со топката на Игор Матановиќ, од снимките не можеше да се заклучи дали имаше контакт, но пресудна беше технологијата во топката, сензорот регистрираше допир.

Голем дел од Хрватите беа бесни на оваа одлука, го обвинуваа ВАР, но Матановиќ призна дека имал допир, но вели дека тоа било со косата.

„Искрено, мислам дека почувствував мал контакт со косата. Го праша судијата, не бев 100 проценти сигурен дали ја допрев. Ми рече дека има чип во топкат, дека имало мал контакт и дека тоа е офсајд“, рече Матановиќ.