Роналдо: Ова беше победа за Диого Жота! (ВИДЕО)

Португалија со 2-1 ја победи Хрватска и се пласираше во осминафиналето од Светското првенство, судбината сакаше овој меч да се игра на годишнината од смртта на Диого Жота.

Ова беше меч со посебни емоции за Португалците, а по натпреварот тие извадија дрес со бројот кој го носеше Жота покажувајќи дека ова е победа за него.

„Знаеме што значи овој датум за нас. Го знаеме тоа. Победивме за Жота, за нас, за Португалија“, рече Роналдо по мечот.