УЕФА отфрли контроверзно правило кое се применува на Мундијалот

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) потврди дека во своите натпреварувања нема да го применува контроверзното правило за црвен картон за фудбалери кои ја прекриваат устата при вербална пресметка со противник.

Правилото почна да се применува по скандалот со Винисиус Жуниор и Џанлука Престијани во Лигата на шампиони (ЛШ), но истото предизвика бурни реакции.

Досега на Мундијалот беа доделени два црвени картони, и тоа на Мигел Алмирон на дуелот против Турција, како и на Пјер Инкапие на пресметката со Мексико.