Парагвајскиот херој кој ја „откажа“ Германија може да заврши во Серија А

Италијанскиот фудбалски клуб Торино покал интерес за голманот на репрезентацијата на Парагвај, Орландо Хил, по неговите одлични настапи на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Парагвај, предводен од Хил, успеа да се пласира во осминафиналето по победата над Германија по изведување пенали, а во групната фаза освен во поразот од САД со 4-1 не прими гол на преостанатите два дуели и остана несовладан со Турција и Австралија.

Неговите настапи привлекоа големо внимание, па Торино веќе испратил понуда до аргентинскиот клуб Сан Лоренцо за 26-годишниот чувар на мрежата, пренесува „Скај Италија“.

Италијанскиот клуб, сепак, нема да има лесна задача во преговорите, бидејќи вредноста на Хил значително пораснала и трансферот би можел да изнесува најмалку пет до шест милиони евра.
Неговиот договор со Сан Лоренцо важи до декември 2027 година, а интерес за него покажале и Бешикташ и Валенсија.

За репрезентацијата на Парагвај дебитираше во септември минатата година и досега има одиграно 10 натпревари.