Тоа што Марадона го кажа пред осум години е реалност денес на Мундијалот (ВИДЕО)

Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Диего Марадона, уште пред осум години точно предвиде во каква насока ќе се развиваат Светските првенства.

Тој тогаш зборувајќи за Мундијалот во 1994 година на кој САД исто така беше домаќин истакна дека било побарано да играат во четири четвртини поради рекламни паузи. Тогаш ФИФА не дозволи, но денеска со паузите за хидратација се случува токму тоа. 

„Не ми се допаѓа тоа, ја нема вистинската страст. Канаѓаните се одлични скијачи, а Американците сакаа да воведат четири четвртини од по 25 минути поради рекламите. На крајот ќе играме по 100 минути“, изјави Марадона изрзувајќи незадоволство од тоа што САД го доби домаќинството за овој Мундијал.