Ѓоковиќ без милост - нова лекција од „старецот“ за Циципас
Како и на најголем дел од претходните пресметки со 11 години помладиот ривал, српскиот ас доминираше во сите елементи и воопшто не му даде шанса на противникот да се надева на евентуално изненадување. Во првиот и вториот сет направи по еден, а во третиот два брејка, додека ги спаси сите пет можности кои ги имаше Циципас за евентуален гем на сервис на Ѓоковиќ. За доминацијата на Србинот, најдобро зборува фактот што мечот траеше едвај 101 минута, двојно помалку отколку што му беа потребни на Ѓоковиќ во првото коло против Ву.
Следниот противник на Србинот ќе биде Артур Риндеркнеш од Франција, кој го победи Мартин Деме со максимален резултат. Освојувачот на 24 Гренд слем турнири никогаш не се сретнал со Французинот, минатогодишниот финалист на Мастерсот во Шангај и 25. носител во Лондон.