ДЕНЕСКА НА СП: БиХ ќе се соочи со САД, Англија го напаѓа Конго
Англија - Конго (18.00)
Англија се пласира во нокаут-фазата како освојувач на групата Л, но не и без проблеми во играта. Добра вест за Англија е тоа што се враќа Деклан Рајс во почетниот состав по проблемите со листот, додека Рис Џејмс и Џерел Конса сè уште не се подготвени за игра.
Конго, од другата страна, во нокаут-фазата оди како една од најдобро третопласирани репрезентации, по драматичниот пресврт против Узбекистан (3-1) во последното коло.
Белгија – Сенегал (22.00)
Белгија заврши на првото место во групата Г, откако избраниците на Руди Гарсија во последното коло го декласираа Нов Зеланд со 5-1 и ги замолчеа критичарите. Де Брујне, Лукаку и Тросар потсетија на најдобрите денови, а Гарсија по мечот кажа дека неговиот тим конечно е во ритам пред сериозните испити.
Сенегал со победата од 5-0 против Ирак во последното коло си обезбеди место меѓу најдобрите. Садио Мане ја предводи екипата во нападот, додека средината е обезбедена од Идриза Геј и Папе Матар Сар, додека во одбраната командува капитенот Калиду Кулибали.
САД – БиХ (02.00)
Домаќинот на Мундијалот беше многу добар во групната фаза, а избраниците на Маурицио Покетино имаат високи амбиции на СП. Американците ги предводат Кристијан Пулишиќ и Фоларин Балогун во нападот, додека во средината се Тајлер Адамс и Малик Тилман,.
БиХ испиша историја, односно ова ѝ е прв пласман во нокаут-фаза на СП. До шеснаесетина-финалето стигна како третопласирана во групата Б, по важното реми против Канада на стартот и победата од 3-1 над Катар. Искусниот Един Џеко е главна закана во нападот, но има поддршка од многу млади таленти кои блеснаа на теренот.
Фото: Nogometni savez Bosne i Hercegovine