Тотнем активира „бомба“ од 100 милиони евра! (ФОТО)
Тотнем успеа да ја добие битката против Манчестер јунајтед за еден од најпосакуваните фудбалери за врска во лигата, а тоа е Матеус Фернандеш.
Екипата од Лондон ќе плати дури 100 милиони евра за потписот на Фернандеш, откако „ѓаволите“ не успеаја да му парираат на Тотнем во преговорите со „чеканите“.
Португалецот минатата сезона одигра 42 натпревари за Вест хем, а притоа постигна пет голови и пет асистенции.
Фото: Facebook/West Ham United