Зверев за три часа го елиминира првиот ривал на Вимблдон

Германскиот тенисер Александер Зверев славеше против Александер Блокс со 3-1 во сетови, односно 6-4, 6-7, 7-6 и 7-6 во првото коло на Вимблдон.

Зверев го освои првиот сет со 6-4, но во следниот Блокс успеа да го добие тај-брејкот со 10-8 и да израмни на 1-1 во сетови.

Големата борба продолжи и во третиот сет, каде што Зверев го скрши ривалот со 7-5 во тај-брејкот, а идентично беше и во четвртиот сет каде што Германецот славеше со 7-0.

Германецот во следното коло ќе игра против Валентин Роје од Франција.