Сензација на Вимблдон: Квалификант го исфрли петтиот светски рекет! (ВИДЕО)

Денеска на Вимблдон го видовме првото големо изненадување оваа година откако, петтиот светски тенисер, Бен Шелтон го заврши настапот уште во првото коло. 

Од него по пет сета и вистинска драма во супер тај-брејкот подобар беше квалификантот од Финска, Ото Виртанен, кој славеше со 3-2, по сетови 4-6, 6-3, 7-6, 2-6, 7-6 (11-9).

Мечот понуди голема борба на двајцата, одличен тенис и пресврти.

По загубениот прв сет со 6-4, Американецот успеа брзо да се врати во мечот и да израмни, а потоа изгледаше дека целосно ја презема контролата. Сепак, следуваше нов пад во неговата игра. Во четвртиот сет освои само два гема, по што победникот мораше да биде решен во петтиот сет.

Во супер тај-брејкот Шелтон имаше и меч-топка, но Финецот направи неверојатен пресврт и стигна до една од најголемите победи во својата кариера.

Противник на Виртанен во второто коло ќе му биде Артур Фери, кој претходно со 3-1 во сетови го елиминираше Дамир Џумхур.