Трагичар на Германија стана човек кој никогаш претходно не шутнал пенал!

Во германската репрезентација се случувала вистинска драма за време на пенал серијата против Парагвај, во која на површина излегле огромниот притисок и стравот да се преземе одговорност во клучни моменти.

Според информациите што ги објави „Билд“ кога натпреварот влегол во драматична завршница и пенал серија во германскиот табор завладеала целосна паника пред изведувањето на шестиот пенал.

Откако искусниот голман Мануел Нојер со својата одбрана ја вратил Германија во игра и обезбедил продолжување на пенал серијата се очекувало најискусните фудбалери да ја преземат одговорноста. Но, се случило токму спротивното. Притисокот бил толку голем што во клучниот момент сите се повлекле.

„Горецка, Антон, Браун и Тиау се двоумеа и го избегнаа предизвикот поради огромниот притисок под кој се наоѓаа“, наведува „Билд“, оставајќи го стручниот штаб без решение за шестиот изведувач.

Кога изгледало дека никој нема храброст да застане на белата точка, одговорноста ја презел некој од кого тоа не се очекувало, Џонатан Тах.

Стоперот на Германија никогаш во својата професионална кариера немал изведено пенал на официјален натпревар, а на разочарување на Германците, шутираше високо над голот, по што Парагвај стигна до победа и сензационален пласман во следната фаза.