Наполи се збогува со Елмас - потврда дека нема да го откупат! (ВИДЕО)

Денеска е 30. јуни, денот кога и официјално истекува позајмицата на Елиф Елмас во Наполи, македонскиот репрезентативец во наредната сезона ќе има нов клуб.

Наполи со посебен пост се збогуваше со Елмас и му посака среќа во иднина, тие пишаа дека секогаш ќе бидат со него.

Ваквата објави значи дека Наполи и дефинитивно нема да ја искористи опцијата за целосен откуп на Елмас.

Македонскиот фудбалер е играч на Лајпциг, но мали се шансите да игра за германскиот тим во наредната сезона.

Лајпциг и Елмас ќе побараат нови опции за него, а тој досега покажа дека Италија е земјата која најмногу му одговара за фудбал.