Сестина: Очекувајте добра енергија од мене - ќе се борам за Македонија!
Кошаркарот кој настапува за Олимпија Милано, има позитивни впечатоци од Македонија.
„Одлично се чувствувам овде. Тимот ми посака добредојде и моето прво искуство во Македонија е одлично. Имаме добар тим кој може да се натпреварува. Возбуден сум што имам шанса да играм на теренот со овие играчи, верувам дека исто се чувствуваат и моите соиграчи“, вели Сестина.
„Работиме заедно, гледаме да се држиме до планот на игра, затоа што нашата заедничка цел е да победуваме и да имаме резултати“, додава новиот репрезентативец.
Тој вели дека е тимски играч, ќе се бори за тимот и ветува дека ќе даде добра енергија.
„Од мене може да очекувате добра енергија, шут за три поени, но и тимска пожртвуваност. Јас сум момче кое сака тимска игра и работи за тимот. Се радувам на новиот предизвик и чекам на следниот меч“.