Шкендија ремизира со украинска Зорја на последната „контролка“ во Словенија

Поранешниот македонски шампион Шкендија одигра нерешено против украинска Зорја (2-2) на последниот натпревар на подготовките во Словенија.

Зорја поведе со голот на Јелавиќ во 21. минута од натпреварот, по што Шкендија израмни со голот на Трумчи во 30. минута.

Двете екипи во второто полувреме постигнаа уште по еден гол за конечни 2-2 на „контролката“ во Словенија.

Шкендија претходно загуби од Хајдук (0-4) и Целје (0-1), а славеше против Копер со 2-1.

Тетовци на 9 јули ќе го одиграат првиот меч против Европа во Конференциската лига, а реваншот е една недела подоцна.

Фото: ФК Шкендија