Шампионката на Вимблдон ја погодија емоциите - победи и се расплака! (ВИДЕО)

Aктуелната шампионка на Вимблдон, Ига Швјонтек со победа против Американката, Тејло Таусенд од 2-1 во сетови (6-1, 2-6, 6-3) ја почна одбраната на титулат, меѓутоа не се очекуваше полската тенисерка да има такви проблеми.

Но, освен што не играше на највисоко нив во одредени делови на мечот призна и дека поминала низ тешки недели надвор од тенисот поради што и се расплака.

„Зад себе имам неколку тешки недели. Сезоната не одеше како што посакував, среќна сум што победив во три сета тука и тоа многу ми значи“, порача Швјонтек.

Противничка во второто коло на Швјонтек ќе ѝ биде Каролина Плишкова.