Голем удар за Шпанија: Крај на СП за ѕвездата на Сити – ќе мора на операција!
Играчот за врска на Манчестер сити, кој беше еден од клучните фудбалери во освојувањето на европската титула со Шпанија и добитник на „Златната топка“ за 2024 година, повторно се соочува со сериозен здравствен проблем. Поради оперативниот зафат, Родри нема да го пропушти само остатокот од Мундијалот, туку ќе биде надвор од терените и на стартот од новата сезона во Премиер лигата, па Манчестер сити нема да може да смета на него во воведните натпревари.
Ова е само продолжение на неговите проблеми со повредите во последните две години. По тешката повреда на предните вкрстени лигаменти, поради која паузираше 220 дена и пропушти 51 натпревар, следуваа и дополнителни повреди што го оддалечија од терените уште 153 дена, при што пропушти уште 34 натпревари.