Момче ја запроси девојката на мечот на Ѓоковиќ, Новак им порача: Сакам покана за свадба (ВИДЕО)
Зад една од трибините, момче ја побара својата девојка за сопруга и таа, на задоволство на присутните, ја прифати „понудата“. Гледачите со аплауз го поздравија романтичниот момент, а Ѓоковиќ во свој стил ја проследи ситуацијата.
„Сакам покана за свадба“, им порача тој на младите, а и тие со гестикулација му потврдија дека ќе ја добие.
По повеќе од три часа борба, Ѓоковиќ успеа да го победи својот прв ривал на Вимблдон и да дојде до 103. победа во кариерата на овој турнир.