Познати се составите: Анчелоти нема да експериментира против Јапонија

Фудбалерите на Бразил и Јапонија ќе се соочат во вториот натпревар од нокаут-фазата на Светското првенство (СП), а селекторите ги избраа своите ѕвезди за натпреварот.

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти реши да излезе на терен со идентичен состав како на дуелот против Шкотска, а од друга страна Јапонија ќе игра во најсилен состав.

Бразил ќе настапи со Алисон, Данило, Маркињос, Габриел, Даглас Сантош, Касемиро, Бруно Гимараеш, Пакета, Рајан, Винисиус и Куња.

Јапонија ќе игра со Сузуки, Танигучи, Доан, Маеда, Накамура, Ито, Камада, Уеда, Хорики Ито, Томијасу и Сано.

Натпреварот меѓу двете селекции е закажан со почеток од 19 часот.