Време е за навивање: Обезбеден директен пренос од историското деби на Ѓорческа на Вимблдон!

Можеби терминот е малку незгоден, но за следење на историскиот настап на Лина Ѓорческа на Вимблдон не треба да има пречки.

Љубителите на тенисот и воопшто на спортот во земјава ќе имаат можност во живо да го следат натпреварот преку телевизиските екрани. Арена Спорт Македонија обезбеди директен пренос од дуелот меѓу Ѓорческа и Аманда Анисимова (12 часот), во рамките на првото коло од Вимблдон и натпреварот ќе биде пренесуван на еден од трите канали на оваа телевизија на која се емитува програма на македонски јазик.

Ѓорческа, која успешно ги мина трите квалификациски пречки и стана првата од нашата земја што ќе игра во главниот турнир од еден гренслем во женска и во машка конкуренција, сигурно ќе ја има поддршката од цела Македонија.