Ливерпул остана со празни раце: Диоманде го избра својот нов клуб

Талентираниот фудбалер на Брегот на Слоновата Коска, Јан Диоманде го избра својот нов клуб, односно постигнал договор со францускиот шампион ПСЖ, иако за неговите услуги беше заинтересиран и Ливерпул.

Новинарот Дејвид Орнштајн објави дека 19-годишниот фудбалер сака да ја продолжи кариерата во актуелниот европски шампион, а наводно ќе потпише договор на пет години.

Ливерпул пред неколку денови испрати понуда од 100 милиони евра за Диоманде, меѓутоа Лајпциг даде негативен одговор.

Лајпциг наводно ќе бара околу 130 милиони евра, а ПСЖ очигледно нема да штеди пари за Диоманде.

Фото: RB Leipzig