Канада прва до осминафинале на СП, Јужна Африка падна по голема борба (ВИДЕО)

Фудбалерите на Канада триумфираа против Јужна Африка со 1-0 во првиот меч од нокаут-фазата и се пласираа во осминафинале на Светското првенство (СП).

Канада напаѓаше постојано кон голот на Јужна Африка, но аутсајдерот одлично се бранеше против домаќинот и успешно ја зачува мрежата во првото полувреме.

Јужна Африка беше на праг да избори и продолженија против Канада, меѓутоа Еустакио во втората минута од судиското надополнување ја затресе мрежата на ривалот и донесе победа од 1-0 на неговата репрезентација.

Канада во осминафинале ќе се соочи со победникот од мечот меѓу Холандија и Мароко.

Фото: Canada Soccer