Кварезма удри по сонародниците: Португалија игра катастрофално!

По ремито на Португалија против Колумбија (0-0), поранешниот репрезентативец Рикардо Кварезма упати критики на сметка на неговите сонародници.

Кварезма кажа дека владее лоша атмосфера во репрезентацијата и мора нешто да се промени во најкраток можен рок.

„На португалската репрезентација ѝ недостига радост, среќа, креативност, желба, борбеност и самодоверба. Тие делуваат катастрофално. Не им недостига квалитет, ниту талент, но во моментов делуваат изморено на теренот и без мотивација“, вели Кварезма.

Португалија во нокаут-фазата ќе се соочи против Хрватска на 3 јули од 1 часот.