Претседателот на Јужна Кореја бара истрага по неуспехот на СП
Јужна Кореја освои три бодови во три натпревари, а овој неуспех предизвика реакција од претседателот на земјата, Ли Џае Мјунг.
„Со оглед на тоа дека голем број национални средства на даночните обврзници и ресурси на државата беа вложени за учеството на Светското првенство, барам од министерството за култура, спорт и туризам да направи истрага за овој неуспех“, кажа првиот човек на земјата.
Фото: Korea Football Team