Главниот доктор во Реал поднесе оствака поради скандалот со Мбапе
Големите промени почнаа со тренерската реконструкција - Жозе Мурињо се врати на „Сантијаго Бернабеу“ како замена Алваро Арбелоа. На трансфер пазарот, клубот веќе обезбеди четири нови засилувања: Марк Кукуреја, Ибрахима Конате, Дензел Дамфрис и Бернардо Силва, додека Дани Себаљос, Дани Карвахал и Давид Алаба официјално го напуштија тимот.
Сепак, промените не запираат тука. Надвор од теренот, клубот дополнително е потресен откако стана јасно дека главниот лекар на првиот тим, Мануел Аројо, поднел оставка. Веста, првично објавена од ЕСПН, беше потврдена и од каталонското издание SPORT.
Д-р Мануел Аројо се приклучи на мадридскиот гигант минатата година откако го помина поголемиот дел од својата кариера во Гранада. Сепак, неговото време во Мадрид ќе се памети по неколку сериозни скандали.
Најсериозен од нив беше погрешната дијагноза за повреда на коленото на суперѕвездата Килијан Мбапе. Оваа медицинска грешка го доведе медицинскиот персонал на мадридскиот клуб под сериозни критики, што на крајот се покажа како одлучувачко за иднината на главниот лекар на тимот.