Објавен е распоредот: Лина дебитира на Вимблдон на теренот број 2, познато е и во кој термин
На овој турнир, првпат во историјата, ќе има и македонска тенисерка во Лина Ѓорческа која преку квалификации обезбеди пласман во главната ждрепка. Цела Македонија со нетрпение го очекува дебито на Ѓорческа која во првото коло ќе се сретне со ланската финалистка и шести носител на турнирот Аманда Анисимова.
Од вчера беше познато дека дуелот ќе се игра во вторник, а сега се знае и точниот термин, како и теренот на кој ќе се судрат двете тенисери. Лина излегува на мегдан на 30 јуни во 13 часот по средноевропско време и тоа на теренот број 2, кој има капацитет од 4.000 места.
Со дуелот на Ѓорческа и Анисимова почнува дневната програма и на теренот број 2 и на вториот ден од Вимблдон, генерално.
