Новиот македонски репрезентативец потпиша за клуб од Евролигата

Дивејн Стјуарт, новиот натурализиран македонски репрезентативец, од денеска  официјално е нов член на Басконија.

Кошаркарот кој претходните три сезони ги помина во Олимпија Љубљана потпиша двегодишен договор и ќе биде одлично засилување за шпанскиот прволигаш кој се натпреварува и во Евролигата. За официјализација на договорот се чекаше Стјуарт да добие македонско државјанство бидејќи така нема да фаќа место за странец, односно неевропски кошаркар.

Стјуарт со Олимпија играше на четири фронта, а ја освои двојната круна во словенечката кошарка, играјќи притоа и во АБА лигата и Еврокупот. Настапот во Басконија ќе му овозможи првпат во кариерата да заигра во Евролигата што со своите досегашни игри апсолутно заслужи.

Стјуарт претстојнава недела ќе дебитира за македонската репрезентација во претквалификациите за Европското првенство, на 2 и 5 јули против Ирска и Луксембург.