На теренот здодевно, на трибините жешко: Убавиците му го украдоа шоуто на Роналдо (ВИДЕО)

Селекциите на Португалија и Колумбија ноќеска одиграа релативно здодевен меч без голови, кој значеше пласман во следната рунда за двата тима.

На оваа средба далеку поинтересно беше на трибините, каде што доминираа убавици меѓу навивачите на обете репрезентации. Португалците беа предводени од близначките Марија и Матилда Неива, чија реакција на ножичките на Кристијано Роналдо во секунда стана вирална, додека „капитен“ на Колумбијците беше анонимна навивачка, која со своите облини го привлече вниманието на камерманите.

Неутралните фанови се радуваат што Колумбија и Португалија продолжуваат во нокаут-фазата, па ќе можат да ги следат „мајсториите“ на жешките навивачки на овие селекции.