Португалија се спаси од пораз, но не побегна од „битката на дедовците“ (ВИДЕО)
Португалците беа далеку од посакуваното издание, а во самиот финиш ги спаси ВАР-технологијата, која по проверка поништи погодок на Санчез поради минимален офсајд. Ова значеше освојување на второто место зад Колумбијците и шеснаесет финална пресметка со Хрватска што многумина ја прогласија за „битка на дедовците“ - Кристијано Роналдо против Лука Модриќ, двајцата со повеќе од 40 години.

Во вториот натпревар од групата, ДР Конго испиша историски успех и за првпат обезбеди пласман во нокаут-фазата на Мундијал, откако со пресврт го совлада Узбекистан со 3-1. Узбекистанците поведоа уште во 10. минута преку Шомуродов и долго време ја чуваа предноста. Сепак, Конго стигна до израмнување во 68. минута, кога Виса беше прецизен од пенал. Само десет минути подоцна Мајеле го комплетираше пресвртот за 2-1, а Виса со својот втор погодок, во првата минута од судиското надополнување, ги постави конечните 3-1 и го завери историскиот успех на својата репрезентација.
ФОТО: X / @Cristiano