Брера новиот тренер го најде во своите редови

Eкипата на Брера Струмица одлучи довербата на клупата да му ја даде на добро познато име, Ѓорѓе Стојчев.

Станува збор за човек кој одлично го познава клубот и минатата сезона го предводеше младинскиот тим на Брера до освојувањето на двојната круна во првенството и Купот на Македонија.

Исто така тој седеше и на кормилото на првата екипа на струмичкиот клуб во 2022 година кога тимот заврши на второто место на табелата. Стојчев истовремено е и помошник селектор во репрезентацијата до 19 години, функција која ја извршува од почетокот на оваа година.

Брера подготовките за новата сезона ќе ги почне на 13 јули и планирано е да одигра пет пријателски натпревари.