Ѓоковиќ и Синер можат да се сретнат пред финалето на Вимблдон!
Ждрепката не беше премногу наклонета кон Ѓоковиќ. Иако за противник во првото коло го доби Ву, кој е 99. тенисер во светот, веќе во втората рунда би можел да го чека пресметка со Стефанос Циципас.
Доколку успее да ја помине и таа пречка, во третото коло можно е да се соочи со Французинот Ридеркеш.
Според проекцијата на ждрепката, во осминафиналето би можел да игра против Андреј Рубљов или Жоао Фонсека, потоа против Феликс Оже-Алијасим, а во полуфиналето потенцијално би го чекал бранителот на титулата, Јаник Синер.
Ќе потсетиме, Карлос Алкараз ќе го пропушти годинешниот Вимблдон бидејќи сè уште се опоравува од повреда.