Вардар сезоната во ЛШ ја почнува со гостување кај Парондо!
Сезоната во која Вардар се враќа во елитното друштво ќе ја почне со гостување кај Мелсунген кој е актуелен освојувач на Лигата на Европа. Мелсунген од клупата е предводен од екс-стратегот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо.
Прв кој ќе гостува во Скопје е Нант, потоа следи уште еден домашен натпревар со Висла Плоцка, па гостување во Полска, домашен дуел со Мелсунген и за крај гостување во Франција.
9/10 09.2026 Meлсунген – Вардар
16/17 09.2026 Вардар – Нант
7/8 10.2026 Вардар – Висла Плоцк
14/15 10.2026 Висла Плоцк – Вардар
21/22 10.2026 Вардар – Мелсунген
27/28 10.2026 Нант – Вардар