Турција почна да победува откако беше елиминирана - триумф над САД! (ВИДЕО)
Репрезентацијата на Турција го стартуваше Мундијалот со два порази по кој беше елиминирана пред да почне третото коло. А тогаш го одиграа најдобриот натпревар.
Селекцијата на САД веќе беше пласирана во нокаут фазата, па селекторот Покетино направи и измени во тимот.
Американците поведоа уште во третата минута со гол на Трсти, но Арда Ѓулер израмни веќе во десетата минута.
Во 31. минута Јилмаз погоди за комплетен пресврт и водство на Турција од 2-1. Тоа беше резултатот од првото полувреме.
По само четири минути игра во вториот дел, Бералтер го изедначи резултатот на 2-2.
Се чинеше дека со реми ќе заврши мечот, но во 98. минута нововлезениот Ајхан даде гол за победа на Турција од 3-2.
Во другиот натпревар од оваа група, Парагвај и Австралија одиграа без голови, 0-0.
Селекцијата на САД го освои првото место со шест бодови, Австралија и Паргвај одат понатаму со по четири, а Турција со три бода како последнопласирана заминува дома.