В недела би можеле да видиме еден од најголемите скандали на Мундијалите!
Станува збор за последен натпревар од групната фаза и математиката пред дуелот е повеќе од интересна. Според актуелната ситуација, поразениот тим би можел да помине подобро во шеснаесетфиналето отколку победникот.
Победникот од натпреварот во следната рунда би се соочил со Шпанија, додека третопласираниот тим би одел на дуел со Иран или Белгија. Токму затоа постои можност двете селекции да влезат во натпревар во кој никој нема да сака да победи.
Останува да се види дали ќе се повтори сценариото од 1982 година, кога Западна Германија ја совлада токму Австрија со 1-0, по што двата тима практично го приведеа натпреварот до крај без вистинска игра. Тој дуел остана запаметен како еден од најконтроверзните во историјата на Светските првенства.
Натпреварот е закажан за в недела во терминот од четири часот наутро по средноевропско време.