Клоп го кажа неговиот фаворит за освојување на СП 2026

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп во моментов има ангажман како аналитичар за Светското првенство (СП), а притоа откри кој е неговиот фаворит за титулата.

Клоп немаше дилема за фаворитот за освојување на Мундијалот, односно кажа дека Германија има најголеми шанси за пехарот.

„На секој натпревар гледам квалитет. На Мундијалот постојат тактички проблеми или страв од пораз, но овде постои огромна желба кај Германија, сите сакаат да играат, да се натпреваруваат. Фаворит за мене е Германија. Не се сомневам дека ќе бидат шампиони“, кажа Клоп.