Зенит ја прекина соработката со Димитријевиќ (ФОТО)

Зенит соопшти дека го прекинал договорот со македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ, а според условите на договорот, клубот се очекува да добие финансиска компензација.

Димитријевиќ пристигна во Зенит минатото лето, при што во првата половина од сезоната македонскиот кошаркар настапи на 10 натпревари во ВТБ-лигата и постигнуваше во просек по 11,5 поени, 5,7 асистенции и 2,9 скокови.

Македонскиот кошаркар во јануари оваа година замина на позајмица во Баерн Минхен, каде што ја заврши сезоната, но Зенит сега реши да му го прекине договорот.

Фото: bc-zenit.com