Нова драма: Американците го малтретирале капитенот на Иран

Фудбалската репрезентација на Иран се соочува со проблеми на аеродром во САД, каде што Американците го задржале капитенот Мехди Тареми.

Иран преминува низ незгодни ситуации за време на Мундијалот, а тие сега повторно се жалат дека биле „малтретирани“.

„Додека репрезентацијата на Иран по трет пат патува во САД, нашиот тим е задржан на аеродромот поради проблеми кои ги предизвикаа американските власти. Членовите на селекцијата пристигнаа порано на аеродромот поради летот за мечот против Египет, но по интервенција нашиот тим беше задржан на аеродром“, соопштија од Иран.

Американците, сепак, тврдат дека процедурата била завршена и Иран на време полетал за дуелот против Египет.