Јужна Африка направи изненадување на СП - познат е првиот пар во нокаут-фазата!

Минатата ноќ беа одиграни четири натпревари на Светското првенство (СП), при што Јужна Африка изненадувачки славеше со 1-0 против Јужна Кореја и го обезбеди местото во нокаут-фазата.

Со победата во третото коло, Јужна Африка си резервира дуел против Канада во нокаут-фазата од турнирот, додека Јужна Кореја сега е третопласирана и ќе се надева на пласман во следната рунда, но повеќе ништо не зависи од нив.

Бразил е прв во групата Ц на Светското првенство (СП), откако славеше со 3-0 против Шкотска.

Ова е втора победа на кариоките во три одиграни меча и со седум бодови преземаа врвот од Мароко поради подобра гол-разлика. Два од головите постигна Винисиус, а еднаш стрелаше Куња.

На останатите дуели, Мароко славеше со 4-2 против Хаити, додека Мексико ја совлада Чешка со 3-0.

Фото: Facebook/Bafana Bafana