Ивановски со триумф над Фацек го почна турнирот во Загреб
Ивановски во првиот сет освои два брејка, во првиот и петтиот гем, со што поведе со убедливи 5-1, а потоа без проблеми го освои сетот со 6-2.
Фацек давеше отпор во вториот сет сè до 3-3, по што македонскиот тенисер влезе во серија и го доби натпреварот со 6-3.
Од останатите македонски репрезентативци, Олег Приходко утре ќе се соочи против Хлеб Секачов на турнирот.
Двајцата македонски тенисери на турнирот ќе играат и во конкуренција на двојки, односно Ивановски заедно со Амар Хусеиновиќ, а Приходко со Андреј Чепелев.