Италијанската епизода на Ешли Кол заврши по само осум натпревари

Легендата на Челси Ешли Кол по само осум натпревари на клупата на италијанска Чезена одлучи да си замине.

Можеби беше и изненадување за многумина кога пристигна бидејќи пристигна со не така големо искуство бидејќи претходно работеше само како помошник во младинските категории на Англија и неколку англиски клубови.

Сега по осум натпревари и лошите резултати во Серија Б одлучи да се повлече. За осум натпревари, Ешли Кол забележа само една победа, три реми и четири порази.

На клупата тој пристигна на местото на Микеле Мињани и засега не е познато кој ќе биде неговиот наследник.