Халанд даде чудна изјава: Тие ќе нè победат ќе го освојат и Мундијалот (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд блеска на своето прво Светско првенство и постигна четири гола на првите два натпревари

Најпрво двапати стрелаше во победата од 4-1 против Ирак, а потоа го повтори истиот учинок и во триумфот од 3-2 над Сенегал. Со своите голови веќе ја одведе норвешката репрезентација во нокаут-фазата.

По натпреварот со Сенегал, Халанд не сакаше премногу да зборува за својата одлична форма.

„Едноставно, навистина сум добар во постигнување голови“, кратко изјави норвешкиот голгетер.

Тој беше запрашан и за следниот предизвик против Франција, но и тука одговори во свој стил.

„Не ми е грижа, веќе се пласиравме понатаму. Франција веројатно ќе нè победи и ќе го освои турнирот“, порача Халанд.