Марко Алчевски се врати во македонскиот фудбал
За 24-годишниот чувар на мрежата ова претставува враќање на македонските терени по интернационалното искуство во ОФК Београд и израелскиот клуб Ерусалим, каде што настапуваше минатата сезона.
Алчевски својата кариера ја започна во Македонија, каде што го носеше дресот на Брера Струмица, а бранеше и за Борец Велес.
Новиот голман на Тиквеш има и репрезентативно искуство. Беше дел од младинските селекции на Македонија, а за репрезентацијата до 21 година запиша 17 настапи.