Вардар одигра тренинг-натпревар во Норчија, Герсон доби црвен картон

Вардар подготовките во Норчија денеска ги продолжи со тренинг-натпревар меѓусебе.

За едната екипа настапија: Диковски, Пуељо, Матиќ, Мишковски, Дурански, Босанчиќ, Николов, Спахиу, Данев, Торес, Омерагиќ, додека на спротивната страна беа: Талески, Јанкулов, Најдовски, Велковски, Маневски, Тодоровски, Бабунски, Пиреш, Закариќ,  Јаков, Герсон.

Победата ја однесе екипата која настапи во првата гарнитура дресови „црвено-црни“ со 2-1, стрелаа Спахиу и Куестас. Единствениот гол за поразените беше дело на Закариќ.

Судија на натпреварот беше Даријан Илчевски кој е по потекло од Гостивар и дел од судиите во Италијанската фудбалска федерација.

За издвојување од натпреварот беше и црвениот картон на „лошото момче“ Герсон Родригез кој предвреме го заврши натпреварот.