Челси даде „зелено светло“: Манчестер сити ќе му плати еден куп пари поради Мареска!

Англиските гиганти Манчестер сити и Челси постигнаа договор за италијанскиот тренер Енцо Мареска, кој претходно го напушти гигантот од „Стемфорд бриџ“ и договори преселба во тимот од „Итихад“.

Челси објави дека Манчестер сити преговарал со тренерот додека тој бил под договор со „сините“, па поради тоа не сакаше да го ослободи и затоа „граѓаните“ ќе му исплатат дури 20 милиони евра на ривалот од Лондон.

Мареска денеска треба да пристигне во Манчестер, каде што ќе стави потпис на тригодишен договор и ќе го преземе кормилото кое досега го предводеше Пеп Гвардиола.