Драги Сетинов му се врати на фудбалот - во поинаква улога!
Фудбалскиот клуб Гоце Делчев од Скопје, потврди дека Драги Сетинов ќе биде главен за нивната младинска школа.
„Посебно ни е задоволство што како координатор на фудбалската школа и важен дел од клубот ни се приклучува Драги Сетинов. Станува збор за спортски работник со богато искуство, кој бил дел од реномирани клубови во Македонија и во странство. Неговото знаење, професионалност и визија ќе претставуваат значаен придонес во понатамошниот развој на клубот и младите фудбалери“, стои во дел од соопштението на ФК Гоце Делчев.
Гоце Делчев е клуб од местото каде што потекнува и каде што живее Драги Сетинов. Сениорскиот клуб се натпреварува во општинската лига на Гази Баба и имаа амбиции за влез во Третата лига.
Сетинов најважните денови од својата фудбалска кариера ги помина во Вардар и Хајдок.