Момент за историја: Јамал го постигна својот прв гол на мундијалите (ВИДЕО)
Со безмалку 19 години, тој стана еден од најмладите Шпанци кои погодиле на мундијалите, но не го собори рекордот на Гави од претходниот шампионат кој тогаш се запиша во листата на стрелците со 18 години и 110 дена.
Речиси целата игра на Шпанците се базира на Јамал, а голот го постигна на асистенција на Ојарзабал кој го проигра од левата страна по што на фудбалерот на Барселона му преостана само да ја вметне топката во мрежата.