Интер има нова идеја - Нико Паз!
Иако веќе се шпекулира со неколку потенцијални засилувања за „нераѕурите“, можно е да дојде до промена на приоритетите доколку клубот реши да тргне во сериозна офанзива за ангажман на талентираниот аргентински играч за врска Нико Паз.
Паз минатата сезона блескаше во дресот на Комо, каде што се наметна како еден од најдобрите играчи на тимот и го привлече вниманието на европските гиганти.
Сепак, Реал Мадрид сè уште ги поседува правата на фудбалерот, па се очекуваше следната сезона да биде дел од првиот тим на „кралскиот клуб“.
Но, во меѓувреме, мадридскиот гигант го засили средниот ред со Бернардо Силва, што дополнително ја зголеми конкуренцијата во тимот. Поради тоа, Паз тешко може да се надева на значајна минутажа во Мадридд, па токму Интер би можел да ја искористи ситуацијата и да се обиде да го доведе на „Џузепе Меаца“.