Судот потврди: Ѓорѓиоски и уште две лица во затворски, петмина во куќен притвор!

Судот потврди дека му е изречен 30-дневен притвор на поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, како и уште на неколку лица, кои се осомничени за наводна проневера на околу 2 милиони евра.

По предлогот на Обвинителството за гонење на организиран криминал (ОЈО ГОКК), Ѓорѓиоски и уште две лица завршија во затворски притвор, додека петмина ќе бидат во куќен притвор.

„Постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК, за определување мерка притвор и мерки на претпазливост, против 12 лица кои утрово беа спроведени во судот, судија на претходна постапка, по нивно произнесување во присуство на бранител, донесе решенија со кои: Предлогот за определување мерка притвор против И.Ѓ., О.М., и Ѓ.Ч е прифатен и определена е мерка ефективен притвор од 30 дена, додека за Н.Л., И.П., И.Ш.,С.Т. и К.А. е определна мерка куќен притвор. Воедно прифатен е предлогот и за определување мерки за претпазливот против, Т.П., Ј.Д., Д.Ј. и Е.Н. Дополнително се одлучува и за определување мерка притвор против 2 лица и мерки за претпазливост против 3 други лица кои во моментов се недостапни“, соопшти судот.