Голема победа за Македонија: Кошаркарките до 17 години ја прегазија Молдавија

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 17 години славеше со 95-27 против Молдавија на меѓународниот турнир кој се одржува во Букурешт, Романија.

Младите кошаркарки на Македонија доминираа од самиот старт, па првата четвртина ја добија со 24-5, додека на полувреме предноста се зголеми на 46-18.

Македонија продолжи да ја контролира играта и во вториот дел, па на крајот славеше со 95-27. Колева, Груевска и Карајанова постигнаа по 17 поени за нашата селекција.

Кошаркарките на Македонија утре имаат нов голем предизвик, и тоа против репрезентацијата на Грција од 16 часот.

Машката селекција до 17 години го одигра првиот меч на турнирот, но загуби од Романија со 68-81. Најефикасен во македонскиот состав беше Ѓиноски со 14 поени, шест асистенции и пет скокови.

Фото: КФМ