ДЕНЕСКА НА СП: САД ќе се соочи со Австралија, Бразил е апсолутен фаворит против Хаити

Денеска на програмата на Светското првенство (СП) се закажани четири натпревари, при што репрезентацијата на Бразил ќе се обиде да стигне до првата победа на Мундијалот.

САД – Австралија (21.00 часот):

Репрезентацијата на САД моќно го отвори турнирот со победа од 4-1 против Парагвај, со што покажа дека е расположена за постигнување голови и тоа дефинитивно ќе биде проблем за Австралија, која ќе мора да најде начин како да ги запре ривалите. Австралија на стартот ја изненади Турција и славеше со 2-0, но денеска ги очекува сосема поразличен натпревар.

Шкотска – Мароко (00.00 часот):

Фудбалерите на Шкотска влегуваат во натпреварот со голема самодоверба по победата над Хаити, но сега ги очекува потежок тест. Мароко покажа квалитет во првото коло и ремизира против фаворитот Бразил (1-1), со што покажа дека ќе биде еден од најнепријатните тимови на СП.

Бразил – Хаити (02.30 часот):

По разочарувачкото реми против Мароко, Бразил е под притисок да стигне до првата победа на СП. Тимот на Карло Анчелоти има огромен индивидуален квалитет и се очекува да нападне од првата минута. Хаити загуби од Шкотска со 0-1, но покажа дека е незгоден противник. Сепак, разликата во квалитет во овој натпревар е огромна, па сè освен победа на Бразил ќе биде изненадување.

Турција – Парагвај (05.00 часот):

Ова ќе биде најнеизвесниот натпревар за овој ден на СП 2026. Двете репрезентации имаа разочарувачки старт и сега победа е императив ако сакаат да останат во трката за пласман во нокаут-фазата. Турција вообичаено игра офанзивно, додека Парагвај ги чека своите шанси на контра-напади.

Фото: Facebook/U.S. Soccer